(Вознемирувачко видео) Во болница ја убил бившата сопруга – Шок во Турција, се бара доживотна казна за монструмот

Фото: Х видео

Брутално злосторство во Турција: 44-годишен маж ја егзекутирал својата 42-годишна поранешна сопруга во болница. Убиството се случило еден ден откако на насилникот му била издадена наредб за забрана за приближување на жртвата.

Моментот на убиството на 42-годишната Есер Караџа во Турција од страна на нејзиниот 44-годишен поранешен сопруг, Атила Ајдапли, е снимен од безбедносна камера. Бруталниот злостор се случил во среда во приватната болница во градот Кахранмармарас, каде што работела 42-годишната мајка на две деца. На видеото, Ајдапали е прикажан како влегува во канцеларијата на неговата поранешна сопруга носејќи црна чанта. Неколку секунди подоцна, жената е прикажана како излегува од канцеларијата и бега. Потоа 44-годишникот извадил пушка од чантата и ја застрелал 42-годишната жена од непосредна близина на скалите, додека таа ги кренала рацете во воздух, молејќи го да престане.

Потоа ја застрелал жената уште двапати пред да истрча кон излезот. Според информациите од турските медиуми, убиството се случило еден ден откако биле изречени рестриктивни мерки против 44-годишникот. Ајдапли беше уапсен кратко по злосторството, а обвинителите бараа доживотна казна затвор, пренесува, пренесува прототема.гр.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ