(Вознемирувачко видео) Падна медицински хелихоптер! Трагедија во САД

Фото: Х

Хеликоптер се урна во понеделник вечерта на автопат во Сакраменто, во американската држава Калифорнија, при што беа повредени неколку лица, објави CBS News.

„Имаше сериозна хеликоптерска несреќа на автопатот 50 кон исток, веднаш западно од 59-та улица“, напиша градоначалникот на Сакраменто, Кевин Мекарти, на американската платформа Х.

Тој им се заблагодари на членовите на противпожарната служба за нивната брза интервенција.
Според CBS News, најмалку три лица се тешко повредени.
Мекарти рече дека преживеаните се однесени во локалните болници на лекување.

Причината за несреќата сè уште се истражува, пренесува радио Сарајево.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ