Петто рочиште од судењето за Пулс

Денеска се одржува петтото рочиште од судењето за Пулс.

14:00 – Одбраната на екс-министерот за економија Сараќини тврди дека лиценцата од 2012 била за друг објект, а не за Пулс

„Тука сме затоа што веруваме во судот, веруваме во правда и чувствуваме должност да ја обелодениме вистината и да докажеме дека обвиненеито против Сараќини е правно, фактички и логички неиздржано.

За нас како одбрана постои само едно едноставно прашање, а тоа е „за што е обвинет поранешниот министер за економија која во 2012 година воопшто не била издадена лиценца за објектот каде 13 години подоцна се случил пожарот?“.“ – прочитај повеќе.

12:00 – Одбраната на Аднан Џаферовски: Ова не е правна логика, тоа е попис претворен во обвинителен акт

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, оцени дека обвинението е правно погрешно и без факти кои го поврзуваат со трагичниот пожар. Неговата бранителка, адвокатката Сузана Јошевска предупреди дека постапката се темели на „попис претворен во обвинителен акт“ и дека „ниту еден системски пропуст не создава индивидуална кривична одговорност“. Џаферовски лично порача дека „совеста му е апсолутно чиста“ и дека верува во „чесноста на правдата и праведноста на судот“. – прочитај повеќе.

11:45 – Салиу: Обвинет сум за кривично дело со претпоставки, а не со докази, под притисок на јавноста и политички игри

Во периодот од 2012 до 2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со барање за давање согласност или мислења од страна на кабаре „Пулс“, ниту барање или пријава од правно или физички лица за објектот. Конфузијата на обвинителството која ја прави во мешањето на надлежностите и одговорностите прави да докажувам нешто што е очигледно, дека не постои моја вина ниту надлежност, изјави Шабан Салиу, кој беше на функцијата директор на ДЗС од 2008 до 2017 година во својот воведен говор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. – прочитај повеќе.

11:29 – „Бог да чува! Ни баба Ванѓа не може да го предвиди ова, не пак јас“ – Шабан Салиу го критикува обвинението против него

Тој смета дека е апсурдно да се тврди дека во периодот од 2012 до 2017 година бил свесен и се согласил со настапување на трагедија што се случила во 2025 година. Салиу пред судот истакна: „Цитирам: ’Директорите на ДЗС иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување‘. Што значи, обвинет сум дека уште во 2012 година сум знаел дека ќе се случи настанот на 16.03.2025 година.“ – прочитај повеќе.

10:12 – Продолжува судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. – прочитај повеќе.

Сите информации од претходните рочишта:

Прво рочиште

Второ рочиште

Трето рочиште

Четврто рочиште

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ