„Бог да чува! Ни баба Ванѓа не може да го предвиди ова, не пак јас“ – Шабан Салиу го критикува обвинението против него

„Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа да стане од гроб не можеше да го предвиди ова, а не пак јас.“, со овие зборови поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, го критикуваше обвинителниот акт кој го товари за „евентуална умисла“. Тој смета дека е апсурдно да се тврди дека во периодот од 2012 до 2017 година бил свесен и се согласил со настапување на трагедија што се случила во 2025 година. Салиу пред судот истакна: „Цитирам: ’Директорите на ДЗС иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување‘. Што значи, обвинет сум дека уште во 2012 година сум знаел дека ќе се случи настанот на 16.03.2025 година.“

Салиу пред судот во своите воведни зборови се пожали и на политички прогон. Тој директно ги прозва пратеникот Димитар Апасиев и Анкетната комисија. „Пример за притисокот е вчерашната седница на Анкетната комисија, каде се злоупотреби моето име дека јас сум доаѓал со службена кола. Тоа го зборува некоја Петрушева (мајка на загинато момче) и Апасиев. Срамота е вака мене да ме обвинуваат, а јас не сум виновен,“ посочи Салиу.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ