- За да стигне до Србија, руски противпожарен авион го наруши европскиот воздушен простор поминувајќи низ Бугарија. Авионот влегол од Црното Море и продолжил на запад кон Србија.
- Во еден налет авионот може да испушти 42 тони вода
- Србија побара помош од Русија во справувањето со пожарите
Бугарското Министерство за надворешни работи прецизираше дека летот бил од хуманитарен карактер и дека е извршен по официјално барање од Србија за помош во гаснењето на пожарите. Бугарските институции ги издадоа потребните дозволи во согласност со утврдената постапка.
Слушате го радиото во живо
Властите во Белград ѝ се заблагодарија на Москва за нејзината помош, додека пожарникарите продолжуваат да се справуваат со неколку активни жаришта. Неколку пожари во Србија остануваат активни. Пожарот на подрачјето помеѓу Велика Каменица, Подвршка и Велесница, во близина на Кладово, беше локализиран во среда вечерта откако зафати околу 1.300 хектари, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Прочитајте го и ова: https://kanal77.mk/mariovo-gori-po-noknata-bitka-za-krushevica-ognot-nasochen-kon-bitolsko/
Прочитајте и за ова:
Авионот може да исфрли до 42 тони вода во еден налет, што го прави еден од најмоќните оперативни авиони за гаснење пожари. При големи пожари, неговата улога е да покрие широка погодена област за кратко време и да им овозможи на пожарникарите на терен полесно да го стават пожарот под контрола.
Фото: Архива Аеродром Ниш







