Подметнат е пожарот во Мариово, а има и видео докази, вели градоначалникот Проданоски

На синоќешната вонредна седница на Советот на општина Прилеп, градоначалникот Дејан Проданоски од говорницата рече дека пожарот е подметнат и тоа јасно се гледа на видео снимка.
Подметнат е пожарот во Мариово, а има и видео докази, вели градоначалникот Проданоски
  • На полицијата е да утврди кој е подметнувачот на пожарот
  • Неколку дена гори Мариово и засега огнот тешко се локализира
  • Направени се четири краци од пожарот, кој се прошири во битолскиот регион

Пожарот во Мариово се движи во четири крака и од прилепскиот дел се префрли кон битолскиот. Огнот се прошири кон селата Крушевица и Лопатица, еден кон Црна Река, а огнот зафатил и крак кон селото Орле во општина Новаци. Според информациите од ДЗС, зафатена е ниска вегетација, а во гаснењето на овој пожар, учествуваат и екипи од Неготино и скопската противпожарна бригада. првпат ова лето превентивно ќе бидат ангажирани припадници на Армијата, чијашто задача ќе биде да му помогнат на локалното население  доколку огнот се приближи до селото.

Слушајте радио во живо

Пожарот во којшто е почнат во непосредна близина на селото Чаниште, е најголем на територијата на државата оваа година. На синоќешната вонредна седница на Советот на општина Прилеп, градоначалникот Дејан Проданоски од говорницата рече дека пожарот е подментат и тоа јасно се гледа на видео снимка.

-Пожарот има материјални докази дека е подметнат.има видео снимки. Органите на прогонот и истражните органи треба да го утврдат идентитетот на сторителот и да се преземат сите мерки и активности понатаму. Пожарот е на површини коишто нема е само трева, нема дрвна маса. беше зафатен еден дел од селото којшто е ненасилен и драмата којашто сака некој да ја прикаже е за неколку објекти коишто се напуштени по 50 – 60 години се руинирани во

непосредна близина до нив има објекти коишто исто така нивното нивните дворови беа зафатени со пожарот но објектите се здрави и не се зафатени од пожарот, рече Проданоски.

Прочитајте и за ова:https://kanal77.mk/mariovo-gori-po-noknata-bitka-za-krushevica-ognot-nasochen-kon-bitolsko/

Прочитајте го и ова:https://kanal77.mk/trojca-pochinati-i-shestmina-vo-kritichna-sostojba-od-zapadnonilska-treska-kazha-klekovski/

Градоначалникот додаде дека неколку повозрасни луѓе биле извлечени од густите завеси од чад. Во текот на вчерашниот ден се работело на поставување на заштитен појас околу селото Крушевица.

-Во моментов покрај во битолскиот дел на Мариово се чувствува зголемена опасност за селото Лопатица и таму поголем дел од екипите во моментов се преместени и се работи на локализирање на пожарот. Со вакви временски услови тешко дека може да се прогнозира дека би завршил за скоро. се надеваме на добри временски услови, изјави Проданоски.

Заклучно со денеска претпладне, евидентирани се вкупно 37 пожари на територијата на Македонија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ