Втора иранска балистичка ракета соборена во турскиот воздушен простор

 Балистичка ракета испукана од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, објави турското Министерство за одбрана.

Според нивните изјави, ракетата е соборена од системите за воздушна одбрана на НАТО распоредени во источниот Медитеран. Се додава дека фрагменти од ракетата паднале на празни полиња во Газиантеп, во југоисточна Турција.

„Уште еднаш нагласуваме дека против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја, ќе бидат преземени сите потребни чекори решително и без двоумење“, објави турското Министерство за одбрана.

Ова е втор ваков инцидент за една недела. Анкара во четвртокот објави дека одбранбените системи на НАТО собориле балистичка ракета додека се движела кон турскиот воздушен простор, но Техеран негираше дека ја истрелал ракетата.

Тој „сериозен“ инцидент го натера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да каже дека активирањето на Член 5 засега не е на маса.

Член 5 предвидува дека, доколку членка на НАТО е изложена на вооружен напад, сите други членки на Алијансата ќе го сметаат тоа за напад врз сите членки и ќе преземат мерки што ги сметаат за неопходни за да му помогнат на нападнатиот сојузник.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ