Вучиќ: Наскоро ќе го отворам порталот „Кој си бре ти?“ за поплаки за арогантни функционери

Фото: Видео принскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе отвори портал преку кој граѓаните ќе можат да се пожалат на однесување на „арогантни“ функционери.

Вучиќ рече дека порталот ќе се вика „Кој си бре ти?“

„Таму ќе примам жалби од граѓаните, ќе разговарам со нив и ќе гледам колку што можам, за да најдам време заеднички да влијаеме на намалувањето на ароганцијата и дрскоста во нашето општество бидејќи тоа е нешто што луѓето најмногу го мразат. Дел од работите што ни се случуваат, се случуваат токму поради тоа“, изјави Вучиќ. 

Тој истакна дека то се работи што „мораме да ги промениме кај себе и да направиме повеќе. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ