Според вчера донесените измени на Законот за прекршоци, возење повеќе од довозленото предвидува глоба од 20 па до 400 евра, во зависност од тоа колку е надмината дозволената брзина.
До 10 km/h над лимитот: 20 до 50 евра. Над 10 до 30 km/h над лимитот: од 50 до 150 евра.
Над 30 km/h во населено место: од 200 до 400 евра и изречена забрана за возење од еден до шест месеци.
Пречекорување на брзината над 50 km/h во населено место или над 70–80 km/h на автопат се смета за тежок прекршок па и кривично дело која предвидува и забрана за управување со моторно возило до една година и висока глоба, а во определени случаи се смета за безобзирно управување во возилото и негово одземање.
Ова може да се третира како тежок прекршок или кривично дело со висока глоба, забрана од 6 до 12 месеци , па до можност за трајно одземање на возилото.
При возење под дејство на алкохол има неколку предвидени случаи и пропишани казни:
Во случај на 0,5–1,0 ‰ алкохол во крвта, глобата е од 200 до 400 евра и забрана од 3 до 6 месеци.
Доколу има над 1,0 ‰ или над 1,5 ‰ алкохол, глоба од 400 до 800 евра и забрана за период од 6–12 месеци. Се предивидува и построго – можен затвор доколку предизвикал несреќа и одземање на возило – привремено или трајно во зависност од околностите.
Доколку возачот одбие алко-тест, законот предвидел иста казна како и при утврдена висока концентрација на алкохол во крвта.
Со днесените измени, преку камерите од системот „Безбеден град“ казните се автоматски и доаѓаат по пошта на сопственикот. Во случаи на многу голема брзина на пример, можно е трајно одземање на возилото, а по три забрани за управување во одреден период дозволата се одзема трајно. Глоба од сто евра е предвидена за неажурирани податоци при технички преглед – телефон и е-маил.
Високи казни за возење под дејство на дрога
При возење под дејство на дрога и други психоактивни супстанции, законските измени предвидуваат многу строги казни и тоа: Од 500 до 1000 евра, проследено со забрана за управување со возило во период од 12 месеци, па и трајно одземање на возилото.
Доколку се управува возило без возачка дозвола што беше едно од најчестите прекршувања изминатите години, или кога возачот вози со изречена забрана за управување глобата е од 300 до 600 евра, а можна е и подолга забрана, па и затвор при повторување. При користење на мобилен телефон без hands-free, глоба од 50 до 100 евра; при неправилно преминување на црвено светло од 100 до 300 евра; возење на нерегистрирано возило или без технички преглед од 100 до 300 евра и отстранување од сообраќај; некористење на безбедносен појас на возач и патници од 20 до 50 евра по лице; Утврдено безобзирно управување пропишува апсење, проследено со високи казни, одземање на возило и забрана за возење повеќе години.








