Груби и понатаму ќе си седи дома, продолжен му е куќниот притвор

Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор, со надзор. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека по предлог на Обвинителството, судот ја продолжил мерката за 30 дена. 

Груби, кој заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, е осомничен за проневера од осум милиони евра со ВЛТ-апарати, по повеќе од 14 месеци бегство во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин „Блаце“. 

По распит во Обвинителството Груби наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини доби куќен притвор. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ