Испразнетите заменички места во министерствата за одбрана и образование ќе бидат пополнети по предлог на Владата, која испрати две имиња до Собранието. Портпаролот на коалицијата ВЛЕН
Дритон Сулејмани, кој претходно беше советник во општина Куманово од партијата Алтернатива, е предложен за заменик-министер за образование.
Досегашниот портпарол на Државната изборна комисија (ДИК) Адмир Шабани, пак, Владата го предлага за заменик-министер за одбрана.
За двата предлога се очекува да се гласа на следната собраниска седница.
Претходно, поранешниот портпарол на Владата на СДСМ и ДУИ, Мухамет Хоџа стана министер за животна средина и просторно планирање, откако неговиот претходник, Изет Меџити стана градоначалник на Чаир.
Фото: Freepik








