СВР Велес информира дека дедо од Крива Паланка вчера возел во обратна насока на автопатот Скопје-Велес.
-М.А. 81-годишен од Крива Паланка, бил запрен од полицијата вчера попладне откако возел во спротивна насока на автопатот Скопјe-Велес. Во 17:30 часот, М.А. го возел своето возило по автопатот Скопјe – Велес, кога на наплатната рампа „Сопот“ кај Велес, бил запрен од полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, бидејќи возел во спротивна насока по автопатот. Како што соопшти попладнево СПБ Велес, при сообраќајна контрола на наплатната рампа „Сопот“, запрено е возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 81-годишниот М.А., каде што е утврдено дека тој вози во спротивна насока на автопатот. По налог на јавен обвинител, тој е спроведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Полициската станица Велес, информираат од СВР Велес.






