Доколку Груевски се појави во Македонија, а има првосилна пресуда, ќе биде упатен во затвор, вели Мицкоски

Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција беше прашан дали и кога очекува да се врати Никола Груевски.

Тој рече:

-Јас немам очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и него веднаш органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за која сите закони важат и која мора да ги почитува законите во државата. Нормално секое лице има право да ги користи своите права, да поднесува жалби. Но, ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда за лицето дека е упатено за отслужување затворска казна. А дали и кога ќе се врати јас немам такви очекувања, рече Мицкоски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ