Државјанин на Северна Македонија уапсен во Нови Пазар, крадел пари од џамии

Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба.

Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар.

Против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ