Транспортерите од Балкан веќе трет ден ги блокираат граничните премини поради новиот начин на евиденција, кој предизвика длабока економска криза, а која се мери со милиони евра. Решение засега се уште нема, ЕУ молчи, а транспортот и економијата трпат.
Од оваа состојба секако, најмногу се разочарани возачите, кои со години наназад ги вртат патиштата низ Европа. Со што се соочуваат возачите, зошто се толку разочарани од Европа и кое е можното решение, низ негов пример за Канал77 раскажа Ангел Арсовски од Неготино,кој 25 години се занимава со транспорт и , како што вели, се му е многу јасно.
-Имав фирма во Македонија, сега имам во Србија и транспортот ми е многу јасен. Работев многу време и со Русија, а сум возел и до кинеска граница од руска страна. Кога се заострија односите со Русија се префрлив во Шведска. Прво почнав Шведска во 2003 година, па Русија, па пак се вартив во Шведска. Кога прв пат отидов во Шведска бев еден од првите 100 визача то отидоа да работм таму, од Тиквешијата бев прв. Тоа беше 2001, кога се вратив од Франција. Но, по заострување на односите со Русија сите возачи се префрлија таму и од Балкан и од Естонија и од Литванија и настана хаос во Шведска. Почнаа Швеганите да пишуваат многу казни и не се издржуваше. Затоа камионите ги оставив и почнав со комбиња. Малку ми е полесно, вели тој.

Со ЕЕС системот што Европа го воведе пред Нова Година во март завршуваат тие три месеци дозволени во Шенген зоната и возачите ќе треба три месеци да седат дома.
-Возачи се помалку и помалку има во ЕУ и тие сакаат да ги придобијат возачите од Балкан. Да не работат за балкански фирми туку за нивни. А тоа е многу лесно да се направи. Ќе им направи германска фирма на возачите договор за работа, со тој договор одат во амбасада и ќе извадат работна виза за Германија. Тоа многу лесно се прави за германска фирма. Ќе ги подлаже со големи плати. Како? Наш возач сега ако зема 2.2000 евра плата, германската фирма многу лесно може да му понуди 3.000 евра плата. Но, нашиот возач не е свесен дека од тие 3.000 евра плата во Германија нема да може да земе ниту 1.800 евра. Тоа е есапот. Јас сум работел низ цела Европа уште од 2000 -та година и знам како е, вели Арсовски и додава:
-Во Европа има дефицит на возачи, немаат квалификуван кадар. И сега сакаат да ги придобијат возачите од Балкан, а со тоа и да ги уништат фирмите на Балкан. Тоа е Европа, ако не си со нас, ние сме против тебе. Ние 36 години страдаме од Европа. Јас сум возрасен човек, 25 години сум по патиштата и многу добро знам што се се случуваше и за време на војната во Југославија, а и после тоа. Кога требаше да се живее во Македонија и во сите екс републики ние страдавме, а сега испаѓа дека уште страдаме од европските барања. Веќе никој нема доверба во Европа. А и таа е клекната на колена и гледам дека веќе е почнат процесот на распаѓање на ЕУ, вели тој.
Арсовски решението го гледа во Опен Балкан и во отворени граници за транспортот.

-Затоа најпаметна рабата на водачите во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна да ги отворат границите мегу себе, барем за превозниците. Да нема гужви, да нема царини по граници, туку фирмите да си ги завршат царините по системски пат како што се Норвешка и Швајцарија. А јас сум сигурен дека ако се направи тоа повеќето возачи нема ниту да сакаат да одат по Европа. Причината е што преку два дена ќе си бидат дома со семејството, не како сега. Само отворање на границите. Ако ова се направи нема возачите да сакаат за возат низ Европа, а и некој да посака, па и тие со бугарски пасош, тоа ќе биде многу мал број на возачи. Се додека се затворени границите ќе биде вака и ќе не уценува Европа и ќе ни ги краде возачите, кажа Арсовски.
Тој смета дека како што се солидризираа транспортерите и одлучија да ги затворат границите, така и лидерите на четирите држави треба да одлучат, да се поддржат самите.

-Затоа треба да се соберат лидерите на четирите земји и да одлучат. Како што сега се собра и се поддржаа возачите. Секоја им чест, алал да им е. Е тоа треба да го направат и лидерите. Кога гледаат дека возачите сакаат да живеат и да работат тука и тие мора да го направат истото. Гарантирам дека многу голем дел од возачите ќе си останат тука, а со тоа многу побрзо ќе се развива Балканот. За возачите е многу важно да има слободна трговија и да нема гужва по граници, да не чекаат по 24 часа. Сакаат да товарат и да одат да растоварат. Знаете ли што значи за возачите чекање по граници? А царинењето лесно ќе се решат со Царина по системски пат. И ако се соменеват за некоја роба има контролни пунктови и може да се исконтролира, има скенери, секоја држава го има тоа. Така да не само што никој нема да се осуди на криминал, туку и нема даму текне да вози низ Европа. Се е до Опен Балкан и да функционира како треба. Па кој сака да биде одвоен од семејството, вели Арсовски и додва:

– На што личи за влез во Унгарија возачите да чекаат по 24 часа на минус 20 и плус 50. За што? За влез во Европа? Па доволно сме свесни и возрасни и гледаме што се случуваше овие 35 години. Имав камиони во Шведска и за ништо сум казнет 17.500 евра? Во Данска сум казнет 5.000 евра? Какви се тие казни? А кој казнува? Државите што пропаѓаат па им треба пари. Најубавиот период за транспортот беше кога се работеше Русија, ова ќе ви го кажат сите возачи. Беше така се додека не се заострија односите со Русија, вели Арсовски.
В. Миленковска
Фото: Приватна архива








