Зарем верувате дека говорот на Меланија Трамп оди на рецензија кај дипломатски претставник? Мицкоски за реакцијата на Грција за употребата на Македонија

Фото: Принтскрин видео

Грчки медиуми пренесуваат дека грчката Амбасада во САД спречила Меланија Трамп да го употреби името Македонија на Самитот, кој го организираше првата дама на САД, а на кој присуствуваше сопругата на премиерот, Рози Мицкоска. Меланија Трам во говорот во кој ги поздравува учесниците го употреби името Македонија, на што реагираше јужниот сосед.

Запрашан премиерот Мицкоски за оваа ситуација денес рече:

-Ги прочитав написите по медиумите кај нашиот јужен сосед. Претпоставувам дека изворот е дипломатски. Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД, пред таа да го каже во јавност, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Ако тоа се случило тогаш САД имаат сериозен безбедносен проблем во безнедносниот протокол. А тоа што, претпоставувам, некој од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни за медиумите па то го претставуваат како дипломатски успех е друга тема. Верувајте, од моето искуство, е многу тешко, да не речам, невозможно, да некој надворешен дојде до говор на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност. Тие што ова го осмислиле мислам дека направиле неуспешна игра, рече Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ