За секој ден по една порака – сеќавање на Филип Ивановски

„Како што пирејот преживува и по најголемите пустоши, така и јас, и покрај сета болка, продолжувам да живеам.Моето преживување не е избор, туку судбина – судбина што ја делам со сите мајки што загубија деца, но не можат да престанат да дишат и да страдаат.“ – ова се тешките зборови кои ги напиша Александра Ивановска, мајка на Филип Ивановски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Неговите родители постојано преку објави се сеќаваат на Филип, момчето со прекрасна насмевка и неверојатна енергија, кое на 29 април требаше да наполни 17 години.

На 100 дена од несреќата во Пулс, неговиот татко Дејан му напишаа 100 пораки на Филип:

„ 100 дена без тебе синче… ќе ти испратам 100 пораки…

„1. Неизмерно те сакам 2. Болно ми недостигаш 3. Животот без тебе не е живот 4. Ми требаш 5. Каде си? 6. Зошто? 7.Како си? 8.Убаво ли е таму? 9. Со кој си? 10. Ќе дадам сѐ да те видам барем за миг 11. Сакам да те гушнам 12. Да те погалам за косата 13. Ми фали твојот мирис 14. Твојата насмевка 15. Твојата енергија 16. Допирот твој 17. Твојата емпатија 18. Душа мила 19.Колега 20. Синче 21. Дојди ми на сон 22. Доаѓај ми секоја ноќ 23. Те молам 24. Ти си моето сѐ 25. Со тебе не замина дел од мене туку целото мое јас 26. Ти си мојот смисол за постоење 27. Мојата срж 28. Мојот најдобар другар 29. Најдоброто искрено друштво 30.Ми фали твоето мислење 31. Да се скараме 32.Да кажеш извини тато 33. Да кажеш фала тато 34. Ај да одеме некаде 35.Што мислеш за ова? 36. А за ова? 37.Тато Фелоу 38. Мама 39.Охрид 40.Најдобрите мемории 41.Овие патики да ги земеме може ли? 42.Шо ќе се апнува? 43.Како денеска? 44.Тато дојди да ме земеш 45.Синче во пижами сум дојди си со такси 46. Не, сакам ти да ме земеш да се повоземе 47. Ајде облекувам се и идам 48. Тато можно ли да сме само човештвото на универзумот 49. Мислам дека не 50. А овоа што се случува реално ли е? 51.Не знам 52.Слушај ја оваа песна 53.Што ќе кажеш? 54.Тато сакаш ли пак да си млад, студент ? 55. Не синче 56. Е зашо, сите би сакале ? 57.Зошто тебе ќе те нема во тоа време 58.Ееее овоа го кажа 59. Да, синче 60.Ај да се повоземе до Радовиш 61.Ајде 62.Момче 63.Љубов 64.Досадно ми е(Dsd) 65.Sp 66. Nis 67.Ај до Локало 68. Во Бохо сум 69.Дојди пред школото 70.Овај заб добро ли сум го направил? 71.Ајде да учеш 72. Немам за учење 73.Ајде да не се расправаме 74. Научив, ајде да ме испрашаш 75. Ќе одам кај баба Пепа да учам 76. Мими, Катка 77.Скијање 78. Президенто дека е? 79.Сонував лош сон 80.Нема ништо страшно синче 81.Примаш ли ме втора смена? 82.Секогаш си добредојден 83.Дека летоска? 84.Многу убаво си поминав 85.Банско 86.Австрија 87.На кошо 88.Пред Ванчо Прке 89.На тренинг кај Дрмата 90.Ајде да истрчаме 91. Филипче 92. Синче 93.Ги читам сите пораки што сме си ги пишале 94. Ги меморирам сите слики од тебе на различни уреди да не загубам некоја 95.Ги слушам сите твои гласовни пораки 96. Сакам да ти го слушнам гласот 97.Те очекувам да се појавиш на секое место каде што сум те гледал и сме биле 98. Те нема 99. Креветот во твојата соба е празен 100.Ангелу бескрајно те сакаме“

    ©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

    Сподели:

    Facebook
    Twitter
    LinkedIn
    Email

    НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ