Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на својот Фејзбук профил напиша дека градот „направил вистински избор“, откако освоил убедлива поддршка со повеќе од 15.000 гласови разлика.
„Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град“, напиша Јорданов во својата порака до јавноста, додавајќи дека ваквиот резултат е доказ за политичката зрелост на граѓаните.
„На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле“, изјави Јорданов.
Тој најави дека вториот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што ја посакувале.
„Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“, заврши Јорданов.






