- Груевски „тежи“ само во сеќавањето на луѓето, но тешко да се врати
- Еден Додик успеа да биде избришан од „црната листа“, а тој не, и покрај сите обиди тоа да испреговара, вели Андонов
На 31 мај 2023 година во Будимпешта, Оливер Андонов, кој ја предводеше реформатоската струја во ВМРО ДПМНЕ, последен пат го видел екс премиерот Никола Груевски. Двајцата имале средба во ресторан во главниот град на Унгарија, по што Анднов стекнал впечаток дека Груевски нема намера да се враќа во Македонија.
Андонов во емисијата „Стадион“ рече дека на таа средба во живо расчистиле многу работи. Смета дека Груевски ги испуштил сите шанси да се врати, а како што кажа, нема ни намера да се врати.
Слушајте радио во живо
-Мене ми беше јасно каква е неговата лична позиција, каде живее, во какви состојби се наоѓа, каква е контролата врз него. Се најдовме во нормален ресторан, но на доаѓање бев пречекан од човек, сопственик на ресторанот, кој ми рече: „Седнење на таа маса, вие сте за премиерот“. Знаеше за кој доаѓам.Како и секој политички лидер и Груевски направи одредени грешки во своето постапување, но но на некои луѓе не може да им земе за зло, не сме биле во нивните чевли.Од овој апсект треба да признае дека тие постапки се погрешни, рече Андонов.
Прочитајте и за ова:
Од таа средба, рече Анднов, веќе нема комуникација со екс премиерот. Вели дека Груевски „тежи“ само во сеќавањето на луѓето, но тешко да се врати, бидејќи поминаа десет години од кога тој не е на власт.
-Сметам дека тој нема да се врати на политичката сцена. Треба да биде реални – тој од 2018-2019 година живее во Будимпешта. Цели 6-7 години не е тука. На „црната листа“ (на САД) е, има проблем. Еден Додик успеа да биде избришан од „црната листа“, а тој не, и покрај сите обиди тоа да испреговара.
Прочитајте уште на темата:
Од американската „црна листа“ е тргнат Милорад Додик – дали македонските државјани се следните?
Ставовите за идниот статус на Груевски Оливер Андонов ги базира и на кратката средба што ја имал неодамна на Бледскиот стратешки форум со новиот унгарски премиер, Петер Маѓар.
-Какви се сега односите со владата на Петар Маѓар, не коментирам, иако успав да се видам со него на Блед, кратко продиксутиравме, нема да коментирам ништо. Го споменавме Груевски, но мојот впечаток е дека ќе остане таму. Не дека нема да биде заинтересиран за Македонија што се случува, но ќе остане таму, рече Анднов во „Стадион“.
Целата емисија може да ја погледнете на линкот:





