Иранските полуофицијални медиуми „Тасним“ и „Мехр“ објавија дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е жив и „цврсто и решително управува со ситуацијата“, негирајќи ги претходните тврдења за неговата смрт.
Според тие извештаи, Хамнеи е „стабилен и цврсто командува на терен“, што директно е во спротивност со информациите претходно објавени од Ројтерс и израелските медиуми,пренесува Н1 инфо.






