На прагот на туристичката сезона сме полна со неизвесност и многу прашања. Колку е сигурно да се патува? Каде да се патува? Што со раните уплати на аранжмани во земји кои сега се нарекуваат небезбедни? Како ќе се враќаат парите? Како ќе се реши хаосот? Кој е виновен-туристите, агенециите или „виша сила“ ?
Од летото не делат денови а одговори на овие и други прашања нема. Нема кој да каже како треба да се постапи, каде е безбедно да се летува, а каде не треба да се патува.
Канал77 разговараше со Аркан Керим, председател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој се обиде да даде одговори на дел од овие прашања, бидејќи, како што вели, ова сезона не зависи само од нас и нашите туроператори, туку од движењето и состојбата во светот. Пред се состојбата со војната меѓу Израел, САД и Иран, која во моментов ги диктира светските случувања.
Според него оваа година е многу специфична, бидејќи сите аранжмани „висат“ во воздух.

-Се случува непредвидливата војна, цените нa нафтата скокаат, дестинациите на Блискиот Исток замреа. Една дестинација за да биде атрактивна се гради со децении, а еве гледаме како за еден момент ја снема од турисистичката мапа. Хабот за интерконтиненталните летови во Доха и Дуби, од и до Автралија, од Азија кон Европа и обратно, се прекина. Е сега ќе видиме кои дестинации ќе бидат интересни за македонските граѓани. Оваа сезона нема да ја продаваат агенциите, нема да биде што нудат тие, туку граѓаните сами ќе бираат. А тоа значи ќе летуваат каде ќе е безбедно. Еве резервациите за Египет и Турција по 28 февруари застанаа. Луѓето се уплашени. Минатата недела имаше предупредување за Бугарија, а исто така и Американската амбасада во Тирана објави да не се патува за Албанија. Сето ова не стави во деликатна ситуција. Мислам дека најблиските и најефтините дестинции ќе победат во трката каде ова лето ќе се оди на летување иако и за тоа не е сигурно, бидејќи не знеме што ќе се случува понатаму. Ако продолжи војната, која мислам за жал продолжува, бидејќи има најава и за копнена операција, цените на нафтата може да се крент, да се случи инфлација, стагнација, рецесија, која ќе го погоди светот. Може да се случи состојба полоша од короната. Но, да не бидеме песимисти, да бидеме оптимисти, вели Керим и додава:
-Ако војната проддолжи се плашам дека и другите дестинации, кои сега ги нарекуваме безбедни и сигурни, ќе бидат многу скапи токму поради непредвидливоста. Од друга страна,пак, ако кај нас цената на, да речеме, доматите на пазар се 350 денари, тогаш хотелите ќе имаат сериозен проблем. А цените се скокнати. Ако скока цената на нафтата и понатаму, повторно ќе се јави проблем. Проблемот е и ако цената на нафтата потоа падне, а цените се веќе зголемени, тие ќе останат високи и покрај намалувањето на нафтата, а тоа ќе биде сериозен удат врз туризмот и врз џебот на граѓаните, вели Керим.
Прв проблем на кои наидоа граѓаните засега се велигденските аранжмани на дестинациите врз кои дирекно влијае војната и се веќе прогласени за небезбедни. За тоа како ќе се решаваат овие проблеми Керим вели дека треба да се направи државна стратегија.

-Ова е нерегулирано од страна на државата. Ние немаме правила на игра во туризмот и на тоа работиме сега. Во право се патниците, во право се и агенциите. Но, ако поради „виша сила“ се откажани аранжмните мислам дека патниците треба да ги разберат агенциите, бидејќи ако уплатитиле за нешто, а не можат да направат поврат на парите, да им дадат шанса на агенциите тоа да го направат во наредниот период. Добра волја од двете страни. Иако, колку што имам информација, на поголемиот дел од велигденските аранжмани во небезбедни држави им се вратени парите. Претставки има и ние сме во комуникација и со пазарната инспекција. Состојбата е специфична и ова е голем удар врз агенциите, тие веќе имаат годишни планови и програми за патување. Треба да се решава во координација со пазарната инспекција, бидејќи несмеат да бидат оштетени туристите, но мора да сфатат дека ова не е по вина на агенциите. Навистина ќе биде голем проблем, може да се случи и банкнотирање на одредени туристички агенции, вели тој.
Според него државата, односно Министерството за надворешни работи или Министерство за култура и туризам треба да излезе со информација каде не треба да се патува, освен, како што вели: „ако сме толку богата држава па да се организира враќање на луѓето од тие држави, доколку нешто се случи“.

-Треба надлежните да излезат со информција каде не треба да се патува, односно кои локации, кои држви се небезбедни. Вака имаат проблем и патниците и агенциите и верувам дека многу од проблемите нема да се решат и ќе завршат на суд. Не може некого со сила да го тераш да патува на некоја дестинација ако се плаши и не сака. Од друга срана агенциите не можат да им ги вратат парите, не по своја вина. Испаѓа дека проблем има, никој не е виновен а ќе завршат на суд. Затоа МНР и Министрство за туризам треба да излезат со став- македонските граѓани треба да ги избегнуваат тие и тие држави. А сега за сега нема таков став, додава тој.
Керим вели дека туристичката комора е во секојдневен контакт со нашите амбасади во земјите од Блискиот Исток, Турција и Египет.
-Сите се во неизвесност. Сите чекаат што ќе се случи и до кога ќе трае. За Турција и Египет нема големи откажувања, но нема ниту нови резервации. Кипар веќе се затвори како дестинација. Кипар има најголем пад на резервации, дури 85 проценти. А како што стојат работите и Грција може да има проблеми, особено треба да се биде претпазлив на островите во близина на Кипар. Целиот регион е во проблеми. Шпанија, Италија и Хрватска се водат за безбедни, но, таму цените се високи за наши услови. Ја следиме состојбата, гледаме да помогнеме и на агенцииите кои имаат проблем, но и на туристите. Контактираме со институциите да видиме што можеме да направиме за да го ублажиме овој тежок удар врз македонското туристичко стопанство. Во сите сегменти и во „outgoing“ и „incoming“. Има проблеми и во доаѓање на туристи кај нас, сезоната доцни, а луѓето се плашат да патуваат. Има голем психолошки страв. Кај нас за католичкиот Велигден требаше да бидеме полни со туристи, но не е така. Поради целата ситуација сезоната доцни. Нови резервации, нови туристи кои ќе ги наполнат туристичките места нема. Ова секако не е на добро. Ако продолжи вака ќе треба да направиме кампања нашите граѓани да летуваат во македонските туристички центри по коректни цени за да се спаси сезоната. На одмор дома. Како што се правеше за време на короната, објаснува Керим.

Но, не е само безбедноста проблем за патување, туку и цента на авионските билети, кои може да ги направи и безбедните дестинации недостижни.
-Доколку авионската карта поскапе каде ќе се патува? Се е недостижно. Навистина не знам до каде ќе доведе ова. Целиот свет е засегнат не сме само ние и не е добро. Имаме сериозни проблеми, а сезоната е на прагот. Иако мислам дека една година немаме чиста како треба, да земеме воздух и да речеме -добро беше. Или е земјотрес или војна, или терористички напади или корона или… За нас тоа е проблем и затоа младите не сакаат веќе да работат во туризмот, бидејќи станува тешка професија. Затоа за да нема вакви проблеми треба македонското законодавство да се прилагоди кон европското. Во Европа има закон токму за вакви ситуации, да има правила на игра и за патниците и за агенциите. Со тоа сите ќе бидат заштитени. Законот за туризам во Европскиот парламент се изгласа пред почетокот на војната и ние треба само да го превземеме. Сега во ваквите ситуации нема никаква гаранција ни за патниците ни за агенциите. Тој закон има многу ставки, но ги штити патниците. Има бонус од 100 000, 200 000 евра кој треба да го приложат агенциите и со тоа гарантираат дека ако дојде до проблем ќе им бидат вратени парите на патниците. Тоа нам ни недостасува. Ние како Комора тоа го инициравме одамна, дадовме предлози, но се уште нема ништо. Ама сега навистина треба да се реши еднаш засекогаш, рече Керим.
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски





