Кривична за чалам! Скопјанец од прозор на БМВ во движење пукал во воздух со пиштол без довола

Фото: МВР

Лишен од слобода скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром.

-На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал дозвола. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ