Лето пред лето! Денес дури до 34 степени, а од утре невреме

Фото: Фрипик

 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во четврток на повеќе места ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ