Маж од Пробиштип со 2,59 промили алкохол во крвта зад волан, учествувал и во сообраќајка

Маж од Пробиштип мртус пијан се фатил за волан и учествувал во сообраќајка.

-На 03.05.2026 околу 17:40 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода К.Т.(55) од Пробиштип. Претходно, тој со возилото кое го управувал, учествувал во сообраќајна несреќа со друго возило, а по преземени мерки и извршено алкотестоирање било констатирано дека возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,59 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ