Наставничка од основно училиште во скопската населба Аерором била нападдната од мајка на уленик среде родителска средба.
-Во 22:10 часот синоќа во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријавила дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на Општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.







