Нема потреба од паника, преку разни мерки ќе се регулира цената на енергенсите, е смирувачката порака на заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Во интервју за МИА, Ристески вели дека влијанијтаа од конфликотот врз македонската економија било тема на вчерашната седница на Советот за безбедност..
– Засега би упатил смирување до граѓаните – нема потреба од одредена паника. Ќе гледаме преку разни мерки понатаму, кои ќе следуваат, да се регулира цената на енергенсите, која е еден од главните инпути во составувањето на цената на производите, со цел да не се создаде поголема инфлација, раст на цени и поткопување на животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ. Како Министерство за економија и труд, исто така и Владата, будно ја следиме состојбата и јавноста навреме ќе биде известена за сите мерки што ќе ги преземеме – рече Ристески.
Министерството за економија и труд, вели Ристески, работи на контрола на цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, особено на основните производи за живот на граѓаните. Пред се’ прекуеку редовните контроли на Државниот пазарен инспекторат.
-Преку влијанието на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која исто така ревносно работи на сузбивањето нефер трговии, кои беа предвидени во Законот за забрана на нефер трговските практики, преку зголемена транспарентност на цените на маркетите и другите владини политики, како што се поголемите инвестиции, подобрување на економската состојба, постепено зголемување на платите на граѓаните, очекуваме да имаме стабилизирачка година. Инфлацијата да се доведе на минимално ниво, од 2,5 до 3 проценти е предвидувањето и на Народната банка и на Владата и мислам дека сме на добар пат и последниот месец имаме благо намалување на инфлацијата од 0,7 проценти. Се надевам дека во наредниот период ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата доколку не се прошири воениот конфликт, каде што не можеме да влијаеме, и оти оваа граница на европска висина на стандард, на инфлацијата, бидејќи блага инфлација значи и развој на државата од 2,5 до 3 проценти, што е и економски оправдано, ќе гледаме да ја задржиме во наредниот период и со тоа да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, нормално – вели заменик-министерот за економија во интервјуто за МИА.
Извор: МИА








