Националниот портал uslugi.gov.mk привремено не функционира, се надградува

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни.

-Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите. Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето, информират од министерството.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ