Нема да дозволам да го валка она што го имам направено за СДСМ човек кој е нестатутарно избран за претседател, рече Шилегов

Петре Шилегов денес на медиумите им одговори на прашањето зошто е исклучен од СДСМ.

-Ако го прочитаме статутот, а во Извршниот за жал нема кој да го прочита, ќе им биде јасно дека исклучувањето го извршува ОО кај припаѓа, кај што претседателот Филипче прв пат влезе кога е избран за претседател. Па еве ако веќе сака да спроведе таква иницијатива нека дојде во општинската во Карпош , таму ќе разговараме со членството. Јас ќе се потрудам да ги има сериозно многу и за моето исклучување и за неговото заминување. Во однос на тоа дека он завршил со Петре Шилегов јас нема да дозволам она што го имам направено за СДСМ во животот професионално, но уште повеќе политички, и уште го правам да го валка човек, кој е нестатутарно избран за претседател. Ќе го замолиме ова раководство на СДСМ да си замине, рече Шилегов денес на судењето за Пулс.

Шилегов додаде дека се потврдиле неговите ставови, изнесени во интервјуто за „Сител“ во неделата, дека ова раководство на СДСМ целосно одработува во договор со ВМРО–ДПМНЕ за интересите на владејачката партија, а не за СДСМ и нејзиното членство.

– Кажав очигледно дека постои договор, кој предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДМНЕ да истера два мандата, за сметка на тоа да не бидат предмет на определени можни евентуални истраги или кривични предмети. Исто така, се докажа и второто мое тврдење дека, за жал, партијата е кадровски целосно исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се сериозен фактор во нашата држава, веќе не се таму – нагласи Шилегов.

Тој додаде дека платформата си продолжува, стратегијата се развива и повтори дека ќе го замолат ова раководство на СДСМ да си замине и да ја ослободиме политичката партија.

– СДСМ е партија што ја има создадено независна Македонија, СДСМ е партија на илјадници, илјадници истакнати луѓе. СДСМ не е сопственост на една групација, па со нејзе да се пазарат за својата слобода – рече Шилегов.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција во партиското седиште, појаснувајќи ја одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство во партијата, изјави дека таа е донесена со консензус откога, по сите нивни проверки и информации, заклучиле дека станува збор за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и обид за внатрешна поделба на партијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ