Марија Корина Мачадо, венецуелската Железна Лејди, е добитничка на овогодишнешната Нобелова награда за мир. Мачадо е препознаена како лидер на демократските сили во Венецуела, персонификација на отпорност, упорност и патриотизам. Марија Корина никогаш не се откажала од својата мисија да се бори за слободна, фер и демократска Венецуела.
„Нобеловата награда за мир за 2025 година му припаѓа на храбар и посветен застапник на мирот – на жена која го одржува пламенот на демократијата да гори среде растечката темнина. Како основач на Сумате, организација посветена на демократскиот развој, г-ѓа Мачадо се залага за слободни и фер избори повеќе од 20 години – „Тоа беше избор на гласачки ливчиња наместо куршуми“, вели Мачадо. На политичка функција и во нејзината служба на организациите оттогаш, г-ѓа Мачадо се залага за судска независност, човекови права и претставување на народот. Таа помина години работејќи за слободата на венецуелскиот народ. Мачадо ја добива Нобеловата награда за мир пред сè за нејзините напори за унапредување на демократијата во Венецуела. Но, демократијата венее и на меѓународно ниво. Демократијата – сфатена како право слободно да се изрази своето мислење, да се даде свој глас и да се биде претставен во изборна влада – е основа на мирот и во рамките на земјите и меѓу земјите“, стои во образложението на одлуката од Нобеловиот комитет.
Марија Корина Мачадо беше уапсена од владините безбедносни сили во јануари годинава, додека го напушташе митингот во Каракас, еден ден пред претседателот Николас Мадуро да ја преземе функцијата за трет мандат. Намерата на Мачадо да се кандиудира за претседател на Венецуела, беше блокиран од властите.
Веста за Нобеловата награда, Мачадо ја прими во притвор, во кој се наоѓа веќе 9 месеци.
Весникот „Тајм“ во фељтонот за 100 највлијателни луѓе за Мачадо напиша:
„Жена од вера која храбро маршира по улиците на својата татковина вооружена со светата бројаница и поддржана од безброј храбри Венецуелци, Мачадо цврсто застана против сè, бранејќи ја земјата. Водечкиот принцип на Мачадо остана ист откако ја запознав за прв пат пред повеќе од една деценија – да им остави на своите деца Ана Корина, Рикардо, Енрике и децата на Венецуела, земја ослободена од тиранија. Фразата „hasta el final“ го отелотворува нејзиното трајно наследство. Во текот на изминатата година, нејзината решителност се соочи со невидени предизвици додека храбро се спротивставуваше на напорите на режимот на Мадуро да ја поткопа волјата на венецуелскиот народ. Нејзиното принципиелно водство е светилник на надежта, што го прави нашиот регион и нашиот свет подобро место“.
До сега 19 жени имаат добиено Нобелова награда за мир. Малала Јусуфи од Пакистан е најмладата добитничка со само 17 години.
Оваа година имаше 338 кандидатори за Нобеловата награда за мир. До сега оваа награда ја имаат одбиено 111 индивидуалци и 28 организации.







