Нова листа на есенцијални лекови, првпат вклучени за контрацепција и никотин-заменска терапија, вели Алиу

Фото: МЗ

Министерoт за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција ја презентираше новата, модернизирана листа на есенцијални лекови, по повеќе од една деценија без нејзино ажурирање. Оваа активност е дел од заложбите за унапредување на здравствениот систем преку поголема транспарентност, достапност и усогласеност со современите медицински стандарди.

– Листата на есенцијални лекови е изработена врз основа на најновите научни докази и меѓународни практики, со цел обезбедување квалитетна и навремена терапија за пациентите. Листата е клучен инструмент за обезбедување основни терапии од значење за јавното здравје, како и за нивно вклучување во системот на здравствено осигурување. Првпат, во листата се вклучени лекови за контрацепција и никотин-заменска терапија, со што се проширува опфатот на здравствени услуги и се одговара на современите здравствени потреби на населението, информираше министерот Алиу.

Тој појасни дека процесот на ажурирање започна на крајот на 2025 година во рамки на националната платформа за лекови, во координација на Министерството за здравство и со поддршка од Светската здравствена организација. Во него учествуваа претставници од релевантни институции, академската заедница, пациентски организации и фармацевтската индустрија.

-Како референтна основа беше користена листата на есенцијални лекови на Светската здравствена организација, која се ажурира на секои две години. Со новиот закон за лекови се предвидува редовно ажурирање на националната листа на секои две години, со што се обезбедува континуирана усогласеност со современите терапевтски стандарди и подобрување на пристапот до ефикасни терапии, истакна Алиу.

Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за сите граѓани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ