Пензионер (75) влегол во канцеларијата на Туристичката заедница на Подгора, Хрватска, и направил скандалозно дело кое ги згрозило вработените и за кое полицијата морала да интервенира.
Околу 6:30 часот наутро, пензионерот влегол во просториите на Туристичката заедница облечен само во костими за капење. Вработениот го поздравил учтиво, а тој одговорил со непристоен „поздрав“, соблекувајќи го костимот за капење и седнал гол на канцелариската фотелја. Потоа си заминал, но многу брзо се вратил во канцеларијата на Туристичката заедница, пишува јутарњилист.хр.
Потоа решил да му се приближи на работничката, пред кого веднаш го соблекол костимот за капење. Стоел гол некое време пред жената, која била вџашена, и која учтиво го предупредила дека на плажата има пресоблекувачки кабини. Но, не му се допаднало тоа што го слушнал и почнал да се жали. Службеничката ја напуштила канцеларијата, па пензионерот се пресоблекол и излегол на улица.
Со овие настапи, тој го прекршил член 14 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а за навреда на моралните чувства на граѓаните, со задоцнување од 13 дена од инцидентот, неодамна е казнет со 250 евра со обврска да плати паушален износ од 25 евра.
Пензионерот не смета дека е виновен, иако признава дека се соблекол. За сето тоа ја обвини својата попреченост и здравствени проблеми, поради што има проблеми со пресоблекувањето на параваните на плажа.
-Таму немаат столчиња. И тоа му го кажав на вработениот во туристичката канцеларија. Вистина е дека двапати влегов во канцеларијата и се соблеков, но и се пресоблеков. Го направив тоа поради здравствени проблеми. Треба да се обезбедат услови за пресоблекување на лицата со попреченост – се бранеше 72-годишникот.
Службеникот на Туристичката заедница на Подгора се сетил дека истиот човек влегол во нивната канцеларија на ист начин во јули.
-Не го пријавив тоа на никого, но тој го повтори истото кога мојата колешка работеше, која го предупреди дека тоа не е место за пресоблекување. Тој протестираше и рече дека е инвалид, па таа ја напушти канцеларијата, а тој ја навреди – заклучи туристичката работничка.
Без оглед на точната причина за соблекувњето, пензионерот беше казнет, иако под законскиот минимум, пренесува нпортал.новости.рс.





