Прилепчанец се занел со налевање! Со 3.08 промили алкохол се возел низ Неготино

Фото: МВР

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР Велес.

– Вчера во 08:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(54) од Прилеп. При сообраќајна контрола, на улица „Пекарев“ во овој град, било сопрено патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, што го управувал Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3.08 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес. 

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ