Според Федерацијата на американски научници, Русија има вкупно 5.459 нуклеарни боеви глави, од кои 1.718 се распоредени. САД имаат 5.177 боеви глави, од кои 1.770 се распоредени.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се очекува Москва наскоро да објави ново оружје што го развива и тестира за својот огромен нуклеарен арсенал, најголем во светот, и предупреди дека е во тек трка во вооружување, објави „Њузвик“ .
Ова се случува во услови на истекување на договорот „Нов СТАРТ“ меѓу САД и Русија, со кој се ограничува нуклеарното оружје. Ризикот од директен судир меѓу Русија и НАТО расте. Западните сојузници ја обвинуваат Русија за сериозни нарушувања на воздушниот простор, заговори за саботажа, сајбер напади и слично – што Москва го негира. Двете страни го карактеризираат конфликтот како форма на војна.
„Нивото на софистицираност на нашите системи за нуклеарно одвраќање е повисоко од она на која било друга нуклеарна држава . И сето ова го развиваме многу активно“, објави државната новинска агенција ТАСС, цитирајќи го Путин, кој првично го кажа ова на руски.
Рускиот претседател, зборувајќи на прес-конференција во Душанбе, Таџикистан, на крајот од самитот на поранешните советски држави, додаде: „Она што го велев во претходните години, дека сè напредува – го доведуваме до совршенство“.
Кремљ изјави дека ќе ги почитува обврските од Новиот СТАРТ една година по неговото истекување. Претседателот Доналд Трамп одговори позитивно, нарекувајќи го „добра идеја“, но сè уште нема нов формален договор подготвен за продолжување или замена на договорот.
Според Федерацијата на американски научници, Русија има вкупно 5.459 нуклеарни боеви глави, од кои 1.718 се распоредени. САД имаат 5.177 боеви глави, од кои 1.770 се распоредени.
„Земјите се подготвуваат за тестови во трката за нуклеарно вооружување“, е ставот на научноците.
Во своите забелешки, Путин исто така рече дека во светот „навистина се води одреден вид трка во вооружување“ и предупреди дека „некои земји се подготвуваат за тестови“ на нуклеарно оружје. Тој не прецизираше за кои.
„Но, ова им е добро познато на експертите. Секогаш постои искушение да се провери ефикасноста на борбеното гориво што е складирано во ракетите многу, многу години“, изјави Путин, цитиран од ТАСС.
„Сè е симулирано на компјутери, а експертите веруваат дека ова е доволно – но некои од нив веруваат дека е потребно да се спроведат реални, целосни тестови. А во некои земји, доколку ни е познато, тие го разгледуваат ова и дури и прават подготовки“, категорично изјави рускиот претседател.
Путин продолжи:
„Затоа реков дека ако тестираат, и ние ќе го сториме истото. Дали е тоа добро или лошо? Од безбедносна перспектива, добро е. Од општа перспектива, поврзана со одвраќањето и дејствијата насочени кон, ако не намалување, тогаш ограничување на трката во вооружување, веројатно не е лошо. Во истиот контекст, предложивме продолжување на Договорот за Новиот СТАРТ за најмалку една година. Нека сите размислат за ова прашање“, рече Путин.







