Сакам два милиони луѓе во државата да возат „мерцедес“, рече Суад Мисини во „Стадион“

Мене ме интересира состојбата на државата. Ме интересира два милиони луѓе да возат „мерцедес“, рече Суад Мисини, аналитичар, граѓански активист и борец за човекови права во емеисијата „Стадион“ на Канал77.

Тој зборуваше за повеќе теми во државата, но и за неговиот штрајк со глад и семејната трагедија. Веќе е познато дека Мисини со синот Исак одлучи куќата во која живее, е куќа на неговата покојна сопруга Азбија Мемедова, исто така посветен застапник за човековите и за детските права, да биде безбеден простор за жртви на семејно насилство, деца без родителска грижа и за лица во социјален ризик.

-Иницијтивата е во тек, почнати се процедурите во општина, треба администртивната работа да се дозволи. Ние сега поминуваме низ геодетски елаборати… Имаме иницијатива за 6-7 месеци да го ставиме во функција, но ако одиме по класичните лавиринти не сум сигурен дека ќе стасаме. Не сакаме да му дадеме популација, да правиме приказна, туку понизно да го тераме во меморија на што мојата сопруга цел живот го посвети. Сакаме на деца од социјално загрозени групи да им овозможиме едукација, да се обидеме од нив да направиме независни и самостојни луѓе, деца кои никогаш не виделе одмор, симбиоза меѓу нив. Да им овозможиме простор каде ќе имаат слобода. Деца без родители и енородителски семејства ќе ни бидат главен фокус. Трагедијата ми го дерутираше планот во животот, немам повеќе исти амбиции и сега ми е битно служам, рече тој.

На прашањето дали добил понуда од некоја партија и како борец за човекови права со која партија имал најмногу проблеми тој рече:

-Шокантното однесување, владеење на претходниот состав на СДСМ резултираше да… бидејќи ВМРО ДПМНЕ тогаш како опозиција не направи ништо за внатрешно да се реструктуира, од аспект на демократски процеси сосе сопственото справување со криминалот внатре. Пазете какви изјави има Мицкоски во пресметката со Ленче Ристеска, кога тој на нив на едно ад хог бламирање на една личност и СЈО ги става криминалите на ВМРО во една друга рамка, како жртва, не како починител на кривични дела. Што вие очекувате кога на еден исклучително подземен начин СДСМ донесе измени на Кривичниот закон и сите процеси застареа и сите криминалци се шетаат по улица. Како вие да направите градација? Не сум член на партија, мене ме интересира благосостојбата на држвата, мене ме интересира два милиони луѓе во државата „мерцедеси“ да возат, рече меѓу другото тој.

Погледнете го целиот разговор подолу во видеото:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ