Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп

Фото: Видео принтскрин

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран.

Резолуцијата со која се бараше прекин на сите непријателства кон Иран, што не беше одобрена од Конгресот, ја предложи демократскиот сенатор Тим Кејн. „Против“ неговата иницијатива се изјаснија 53 сенатори, а 47 беа „за“.

Единствен демократ кој гласаше против е сенаторот од Пенсилванија, Џон Фетермен, а за гласаше сенаторот од Кентаки Ранд Пол.

– Доналд Трамп ја втурна Америка во конфликт без јасни цели, без план и без овластување од Конгресот, изјави пред гласањето лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.

Конгресот има ингеренции за објавување на војна, но Резолуција за воени овластувања првпат беше употребена како одговор на Виетнамската војна во 1973 година, со која му се овозможува на претседателот на поведе ограничена воена интервенција за да одговори на непосредна закана по САД.

Демократите тврдат дека во случајот со Иран немало непосредна закана по САД.

За резолуцијата денеска ќе се гласа во Претставничкиот дом, а поради републиканското мнозинство се очекува сличен резултат. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ