Се бараат донации за погребните трошоци за Стивен, на друга сметка за жртвите собрани 107.676 CHF

Фото: Фејсбук

Во две собирни акции – едната од семејството Ивановски, другата од македонското здружението „Пијанец“ од Швајцарија, се собираат донации за покривање на погребните трошоци на младиот Стивен Ивановски (16), делчевчанец по потекло, кој почина во трагичниот пожар во бар во Кран Монтана. Стивен беше погребан вчера, на гробиштата во Орон-ла-Вил во Швајцарија, каде живее семејството.

Двете акции до сега собраа 7.707 швајцарски франци (CHF). Во повикот за собирната акција се вели:

„Стивен Ивановски имаше само 16 години. Како и многу други млади луѓе, тој отишол во Кран-Монтана со својата постара сестра за да го прослави доаѓањето на Новата година, во време на радост, безгрижни денови и надеж. Таа ноќ, судбината удрил со незамисливо насилство. Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе надвор на неколку моменти на свеж воздух, за среќа преживеа. Трагичен тек на настани. Случајност. Ужасната судбина на овие брат и сестра. Стивен остави зад себе уништено семејство, засекогаш обележано со лузни од оваа брутална и несфатлива загуба. Живот прекинат прерано. Отсуство што ќе остави огромна и неизбришлива празнина. Овој фонд е создаден за да му помогне на семејството да се справи со трошоците за погреб, но и да му обезбеди финансиска поддршка во овој период на длабока жалост, каде што на болката се додава на материјалните грижи. Искрено им се заблагодаруваме на сите оние кои веќе патуваа во Пуиду на 4 јануари 2026 година за да ја покажат својата поддршка и солидарност кон семејството. Како одговор на неверојатниот излив на солидарност по трагичната загуба на Стивен и бројните барања од луѓе кои сакаат да придонесат финансиски, започната е оваа онлајн кампања за собирање средства. Секој гест, колку и да е скромен, е драгоцен знак на поддршка за семејството на Стивен, се вели во повикот за онлајн донации.

Донации се уплаќаат и на сметката на мајката на Стивен, Александра Ивановска. Жиро сметка за Македонија: 300057104118092 Комерцијална банка

На швајцарската интернет страна за донации, има бројни вакви повици за донирање за семејствата на жртви во пожарот. Има и една заедничка акција, каде до сега се собрани 107.676 швајцарски франци (CHF). Средствата се собираат, како што пишува да се покријат трошоците за погреб, потоа за репатријација на повредени или починати лица, како и за поддршка на итни и непредвидени трошоци поврзани со последиците од оваа трагедија.

Во новогодишната ноќ во познатото зимувалиште Кран Монтана, во Швајцарија, во пожар во бар, животот го загубија 40 главно млади луѓе, а над сто се повредени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ