Со живи синџири да ја штитиме инфраструктурата поради заканите од САД, ги повика Иран граѓаните

Фото: МИА

Иранскиот заменик-министер за млади и спорт, Алиреза Рахими, го повика населението, вклучително младите, уметниците и спортистите, да формира живи синџири околу електроцентралите низ земјата, како реакција на заканите од САД за напади врз енергетската инфраструктура.

Тој апелираше акцијата да се одржи во 11:30 часот по средноевропско време, истакнувајќи дека целта е да се испрати порака против нападите врз цивилни објекти.

„Ќе се држиме за раце за да покажеме дека нападите врз јавната инфраструктура се воено злосторство“, изјави Рахими во видео-порака пренесена преку медиумите.

Повикот следува по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе извршат напади врз цивилна инфраструктура во Иран, вклучително мостови и електроцентрали доколку не биде отворен Ормускиот теснец.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ