Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан

Фото: Х

Американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот „пријател“, конзервативниот унгарски премиер националист Виктор Орбан, повикувајќи ги Унгарците да го поддржат на изборите закажани за идниот месец.

„Унгарија: Одете да гласате за Виктор Орбан. Тој е вистински пријател, борец и победник, и има моја целосна и безусловна поддршка за повторниот избор за премиер на Унгарија“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“.

Американскиот претседател исто така изјави дека Унгарија и САД достигнуваат „нови врвови во соработката“, поздравувајќи го Орбан како вистински лидер во „борбата против нелегалната имиграција“ и „враќањето на јавниот ред“. 

Според независните анкети, ултраконзервативниот Виктор Орбан кој е на власт во Унгарија од 2010 година, се наоѓа во понеповолна позиција за парламентарни избори на 12 април, на кои се надева да освои петти мандат. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ