Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација

Фото: Јутјуб

Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското, антифашистичко движење „Антифа“ за терористичка организација, по убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк.

-Исто така, ќе препорачам оние што ја финансираат „Антифа“ да бидат темелно истражени според највисоките законски стандарди и практики“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Белата куќа ја објави изминатите денови својата намера да се справи со „левичарскиот домашен тероризам“.

Осомничениот за убиството на Кирк, Тајлер Робинсон, е опишан како „убиец од крајната левица“ бидејќи ја осудил „омразата“ за која рекол дека Кирк ја ширел кон неговото семејство и пријатели и користел муниција со гравирани антифашистички пораки.

Робинсон беше обвинет по обвиненија што повлекуваат смртна казна.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ