Трамп назначи нови амбасадори во Србија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, но не и во Македонија

Нови 20 амбасадори во исто толку земји во светот, вклучително и во земјите од регионот до Сенатот вчера предложи американскиот претседател Доналд Трамп. На оваа листа нема предлог-име за нов амбасадор во Македонија, што значи дека по заминувањето на Ангела Агелер, времено функцијата амбасадор и натаму ќе ја врши заменичката-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс.  

На подолгата листа на номинации се имињата на Даглас Холдер од Флорида, лобист и поранешен политичар од Републиканската партија, за вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Бугарија. Бригадниот генерал Роналд Џонсон од Масачусетс, за во Босна и Херцеговина, адвокатот Питер Мекој од Јужна Каролина, поранешен федерален обвинител, кој работел на случаи за организиран криминал и корупција за во Црна Гора, а Мајкл Јанг од Јута, правник и универзитетски професор е назначен од Трамп за вонреден и ополномоштен амбасадор во Србија.

Претходно, на 20 мај Конгресот по сослушувањето ја прифати номинацијата на воениот офицер Ерик Вендт, за нов амбасадор во Албанија. 

Во јануари годинава со одлука на Трамп заврши амбасадорскиот мандат на Анџела Агелер, која беше назначена во 2022 година. Најава за нов амбасадор или евентуално назначување на актуелната заменичка Варнс, засега нема.

Регионалните медиуми шпекулираа дека како дел од рестриктивните мерки на американската администрација, можно е во Белград да биде назначачен еден амбасадор за поширокиот регион на Западен Балкан, што со вчерашните номинации се покажа како неточно.   

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ