Трамп се предомисли: САД се подготвени за воена акција против Иран

Фото: Х видео принтскрин

Соединетите Американски Држави се подготвени за воена акција против Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Си-ен-би-си.

Тој нагласи дека не сака да го продолжи рокот на примирјето со Техеран, кој истекува утре во 20:00 часот по источноамериканско време (односно на 23 април во 03:00 часот по средноевропско време).

Американскиот претседател додаде дека Вашингтон се наоѓа во силна преговарачка позиција, што би можело да резултира со значаен договор.

– Не сакаме да го правиме тоа (да го продолжиме примирјето). Немаме толку многу време – изјави Трамп, одговарајќи на прашањето за можноста за продолжување на договорот. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ