Пронајдено женско тело во распаѓање во Зрновци

Тело на жена е пронајдено во атарот на Зрновци. Истражни екипи – крим техника и дежурен обвинител се на увид на местото на настанот.

Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Меѓу жителите на Зрновци се пренесе вест дека се работи за тело на жена, што го потврди и Обвинителството

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, соопшти Обвинителството.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ