Украинскиот народ нема да му дозволи да го отстапи Донбас на Русија, вели Зеленски

Фото: Принтскрин видео

Украинскиот народ ќе отфрли мировен договор со кој силите на Киев ќе се повлечат од источниот регион Донбас и ќе го предадат на Русија, вели претседателот Володимир Зеленски во интервју за американската веб-страница „Аксиос“.

Претставници на Киев, Москва и Вашингтон вчера одржаа уште една рунда разговори во Женева за да се стави крај на конфликтот.

Регионот Донбас, од кој 10 проценти е сè уште под украинска контрола, останува главна точка на сопнување во разговорите, забележа „Аксиос“.

Украинскиот претседател во своето интервју рече дека американските медијатори Стив Виткоф и Џаред Кушнер му рекле дека Русија навистина сака да ја заврши војната и дека тој треба да го координира својот преговарачки тим врз основа на тоа.

Сепак, Зеленски јасно покажа попесимистички став, коментираа американските медиуми. Тој им советуваше на Виткоф и Кушнер да не се обидуваат да го принудат да презентира визија за мир што неговиот народ ќе ја сфати како „неуспешна“. Украинскиот лидер рече дека е „неправедно“ претседателот Доналд Трамп јавно да ја повика Украина, а не Русија, да направи отстапки за да постигне мир.

Зеленски рече дека иако би било полесно за Трамп да изврши притисок врз Украина отколку врз многу поголемата Русија, начинот да се постигне траен мир не е „да се даде победа“ на рускиот претседател Владимир Путин. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ