Уште не научиле да возат полека – Во март констатирани се 26.241 сообраќајни прекршоци преку „Безбеден град“

Фото: МВР

Во месец март констатирани се 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло споредбено со февруари

-Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16.7% во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ