Штипјанец и покрај забраната за приближување ја истепал сопругата.
-На 06.05.2026 во 05:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(38) од Штип. И покрај тоа што од април 2026 година имало изречено судско решение да не се доближува и да не ја малтретира неговата сопруга, тој околу 01:00 часот отишол пред домот во кој живее неговата сопруга и по кратка расправија физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.






