(Видео) Штипјанец вложува во Берово над 10 милиони евра – ќе гради мултифункционален комплекс „Green Gate Berovo“ со апартмани, дом за стари лица…

Фото: Принтскрин

Штипјанец вложува во Берово над 10 милиони евра – ќе гради мултифункционален комплекс „Green Gate Berovo“ со апартмани, туризам и старечки дом со капацитет за 200 лица и медицински персонал

Во Берово се најавува изградба на нов голем повеќенаменски комплекс „Green Gate Berovo“, кој ќе опфати станбени апартмани, туристички сместувачки капацитети и старечки дом со организирана здравствена нега.

Станува збор за инвестиција вредна над 10 милиони евра, која ќе се реализира на површина од околу 5.000 м². Проектот е замислен како комбиниран објект кој ќе спои домување, туризам и социјална заштита во една целина, со посебен фокус на грижа за повозрасни лица. Во склоп на овојо комплекс ќе има и аптеки, продавници за храна, спортска опрема, бела техника, текстил, игротека и кафе бар.

Во рамки на старечкиот дом е предвиден капацитет за околу 200 корисници, за кои ќе се грижат медицински тим составен од 20 медицински сестри и 5 доктори, со 24-часовна нега, здравствен надзор и организирани услуги за рехабилитација и социјална поддршка.

Проектот се најавува како еден од поголемите приватни инвестициски зафати во регионот, кој треба да придонесе за развој на Берово како туристичка и здравствено-рекреативна дестинација.

Сопственик на проектот е бизнисменот Горан Јордев од Штип, кој во јавноста е познат како косопственик на ДИК „Фагус“ Пехчево, „Штип Сити Мол“ и „Штип Сити Такси“. Инвестицијата се позиционира како дел од неговото проширување во градежниот и услужниот сектор, при што Берово добива нов значаен развоен проект со комбинација на недвижности, туризам и здравствена грижа.

Отварањето на овој проект е предвидено за почетокот на 2027 година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ