Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година.
Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува.
Според првичните информации, осомничениот сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот.
Според полицијта утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.







