Ќе го наполниме Персиски Залив со крвта на напаѓачите, се закани Иран ако САД ги нападнат иранските острови

Претседателот на парламентот на Иран, Мохамад Багер Галибаф денеска предупреди дека секој обид за инвазија врз иранските острови ќе предизвика одговор без ограничување.

– Секоја агресија врз територијата на иранските острови ќе ја уништи секоја воздржаност. Ќе се откажеме од сите ограничувања и ќе го наполниме Персискиот Залив со крвта на напаѓачите, објави Галибаф на платформата Икс.

Неговата изјава уследи по шпекулациите дека САД би можеле да го нападнат островот Харг во Персиски Залив.

Островот Харг е главен ирански терминал за извоз на нафта.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ