Премиерот на Велика Бртианија, Кит Стармер, пред малку објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забрането да користат социјални медиуми. Законот ќе биде донесен пред Божиќ, а забраната ќе стапи на сила до пролетта 2027 година.
Стармер вели дека социјалните медиуми ги спречуваат децата да си ја пишуваат домашната задача, да читаат, да си играат со пријателите и да си легнат во пристојно време.
„Да бидам искрен, сочувствувам со оваа генерација“, додава тој. Размислувајќи за своето детство, Стармер вели дека децата не морале да се справуваат со ваков вид технологија што се вградува во секојдневниот живот, јави BBC.
Стармер вели дека не ја најавува забраната лесно но, „јасно ми е дека целосната забрана е правилниот избор“.
„Социјалните медиуми ги прават децата несреќни“, рече премиерот.
Тој вели дека платформите „им го олеснуваат насилниците да ги малтретираат и злоупотребуваат“ децата и вели дека ова може да биде штетно за менталното здравје на луѓето.
„Дизајниран е да создава зависност“ со карактеристики што „ве заклучуваат со часови“, додава Стармер.
„Не само што предлагаме забрана“, туку „одиме чекор понатаму“ со „водечка светска акција“ за гејмерските услуги и платформите за пренос во живо, рече Стармер.
Промените ќе се однесуваат и на платформите што им дозволуваат на странци да контактираат со кое било дете „непроверено“









