Ќе се воведат патарини во Ормуската Теснина, особено на бродовите од САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран

Фото: Гугл мап

Безбедносниот комитет на иранскиот парламент го одобри нацрт-законот за воведување систем на патарини за Ормуската Теснина и предложи ограничување на пристапот за бродови поврзани со земјите што воведоа санкции врз Иран.

Предлогот ќе биде поднесен за дебата и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари.

Според нацрт-законот, на бродовите од САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран во последните години ќе им биде забрането да транзитираат низ стратешкиот воден пат. Бродовите од Европската Унија исто така ќе бидат засегнати, според Сари.

Таксата ќе се наплаќа во националната валута на Иран, ријалот, во потег насочен кон зајакнување на валутата и заобиколување на санкциите на САД, а воедно и давање целосна контрола на државата врз финансиските текови.

Овој потег сигнализира понатамошна ескалација со Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп побара Техеран целосно да ја отвори Ормуската Теснина, клучен пат за глобални испораки на енергија, и се закани со последици доколку не го стори тоа. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ